Проекти
Соработници
Галерија

 

 


ЗА НАС

Групацијата Ера, со седиште во Велење, Република Словенија, e современa, иновативнa и продуктивнa меѓународнa компанија, која се темели врз претприемничка култура.

Во рамките на деловното работење на нашите корисници им нудиме што поголема додадена вредност, а на сите вработени можност за личен развој.

Развојните текови донесуваат брзи промени и покомплексна околина, па затоа преструктуирањето на фирмите во флексибилна и претприемачки ориентирана средина се клучен предизвик за напредок. Развиваме програми, во кои е потребно да се вложи повеќе знаење, кои внесуваат повисока додадена вредност и не се толку изложени на потресите од глобализацијата.

Многу интензивно ја развиваме програмата на Топ услуги, со кои обезбедуваме комплетна понуда и различност на едно место, како и меѓусебно поврзување на различните системи. Тие услуги овозможуваат компатибилна поврзаност на корисниците врз основа на поголема конкурентност и намалување на трошоците.

Палетата на дејности и новите вложувања на постоечките и странските пазари, со голем акцент на современ начин на работа, програми и технологии – ги поврзуваме во една хомогена целина, чии предности се информациите, додадената вредност и моќта на поврзувањето. Веруваме дека само на тој начин можеме да ги достигнеме пошироките аспекти во размислувањето и работењето како клучни почетоци за успех во современиот деловен свет.

Се грижиме за вашата иднина

Брзината на денешното живеење не насочува да бараме начини за што поефикасно искористување на времето. Само на таков начин можеме побрзо да ги завршиме секојдневните рутински работи и да се посветиме на творечка работа, што ја надградува нашата успешност. Со услугите на ХУМАНОПОЛИС партнерите и корисниците ќе заштедат време и капитал, кои ќе можат да ги насочат кон реализирање на своите визии.

Горди сме на тимот на ХУМАНОПОЛИС и веруваме дека личниот допир во се што работиме може да направи разлика.


СИТЕ СРЕДСТВА СЕ ДОЗВОЛЕНИ, ОСВЕН ОНИЕ КОИ ВОДАТ КОН НЕУСПЕХ


ПО СКАЛИТЕ НА ЖИВОТОТ, ЧОВЕКОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСКАЧИ СО РАЦЕТЕ ВО ЏЕБ

ПОСТОЈАТ ДВА НАЧИНА КАКО ЧОВЕК ДА СЕ ИЗДИГНЕ - СО СВОЈАТА СОПСТВЕНА ВЕШТИНА, ИЛИ СО НЕЗНАЕЊЕТО НА ДРУГИТЕ
ЗАР ЌЕ ОСТАНЕТЕ БОСИ ВО ЗНАЕЊЕТО?
Humanopolis 2008