|
Зошто Ви е потребен HACCP системот?
- Затоа што е законска обврска
Во Р. Македонија со законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доажаат во контакт со хранта (Сл. Весник на РМ бр.54/02), во член 26, производителите и трговците со храна се задолжуваат во производството и прометот со храна да го применуваат системот за проценка на опасностите и критичните контролни точки со цел да се осигура безбедна храна.
- Заради зголемување на конкурентноста на прехранбените производи на домашниот и надворечниот пазар, со зголемување на довербата кај купувачите.
- За подобрување на здравствениот статус на популацијата.
- За намалување на процентот на расипување и губитоци на храна.
- За поефикасна институционална контрола, како и
- За влез на интернационалниот пазар (добивање извознички број).
Овој стандард е подеднакво полезен како за фирми со пет до десет вработени, за мали и средни претпријатија и за големи компании. Тој не ги бира начините и методите со кои ќе се обезбеди производот, туку го оправдува начинот на кој се произведува безбеден производ.
|

ПО СКАЛИТЕ НА ЖИВОТОТ, ЧОВЕКОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСКАЧИ СО РАЦЕТЕ ВО ЏЕБ
|
 |
НЕ Е ДОВОЛНО САМО ДА СЕ ПОСЕДУВААТ СИЛНИ ОСОБИНИ, ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ СО НИВ И ДА СЕ УПРАВУВА |

ПОСТОЈАТ ДВА НАЧИНА КАКО ЧОВЕК ДА СЕ ИЗДИГНЕ - СО СВОЈАТА СОПСТВЕНА ВЕШТИНА, ИЛИ СО НЕЗНАЕЊЕТО НА ДРУГИТЕ
|
 |
ЗАР ЌЕ ОСТАНЕТЕ БОСИ ВО ЗНАЕЊЕТО? |
|