|
ДЕЈНОСТИ НА ХУМАНОПОЛИС
ОБЛАСТИ НА ДЕЛУВАЊЕ НА ХУМАНОПОЛИС:
1. Вработување / развој на кадри
2. Образование / обучување
3. Кадровско советување / услуги
ВРАБОТУВАЊЕ / РАЗВОЈ НА КАДРИ
Целна група:
• лица кои бараат работа
• лица (компании, организации) кои бараат кадри
Бенефити:
• интерактивна база на податоци на понудата и побарувачката на работна сила
• концентрација на нови, млади, образовни кадри, како и оние во тек на образование
• перманентна понуда на стручни и професионални кадри
Вработувањето е само природен и последователен процес на сите претходни активности и ја дополнува целината во мозаикот на ХУМАНОПОЛИС – Агенција за развој на претриемничкиот потенцијал.
ОБРАЗОВАНИЕ / ОБУЧУВАЊЕ
• Практични образовни тренинзи
• Модуларно образование и сертификација
• Флексибилност во однос на содржината и времето
• Тренинзи / обуки по мерка на нарачателот (In-house обуки)
Таргет групи:
1. Владини институции
2. Мали и средни претпријатија
3. НВО и други организации
4. Студенти
Форми на образование / обучување:
• Семинари
• Работилници
• Дебати
• Конференции
• Конгреси
• Симпозиуми
• In-house обуки
• On-line курсеви
Зошто образование?!?
• Овозможува брз развој на вработените и оние кои сакаат да учат
• Овозможува флексибилност и брзо преструктуирање во нови услуви
• Знаењето само по себе овозможува поголема компетитивност и предност
• Обезбедува поголема ефективност и ефикасност на вработените во организацијата
Зошто ХУМАНОПОЛИС?!?
• Нуди програмио за индивидуален развој на вработените и менаџментот
• Програми во чекор со современите текови на пазарот
• Специјалицирани програми во различни области (агро бизнис, финансии, медицина и др.)
• Програми во подрачјето на раководење со човекови ресурси
* За дел од програмите / обуките ќе можат да се добијат меѓународни сертификати!
КАДРОВСКО СОВЕТУВАЊЕ / УСЛУГИ
• Стручна оперативна помош на врвни професионалци во разни опбласти
• Проценка на знаењата, способностите и вештините
• Раководење со човекови ресурси
Бенефити:
• Ефикасност и ефективност во работењето (намалување на трошоците за вработените и заштеда во време)
• Комплетна понуда на едно место, а во различни пазарни области
• Стручни и висококвалитетни услуги
Сите овие активности се компатибилни и комплементарни, т.е. зависат една од друга. Тоа значи дека производот на една активност може да биде влезен фактор за друга. На пример, оспособените кадри (студенти од интершип програмите / професионалната пракса или обуките) кои излегле од ХУМАНОПОЛИС, можат да се користат како готови кадри за МСП, институции или организации. Концентрацијата на сите активности на едно место е предност сама по себе, зашто сите информации, настани и линкови се на едно место и тоа допринесува за дополнителен квалитет и моќ на ХУМАНОПОЛИС.
Горди сме на тимот на ХУМАНОПОЛИС и веруваме дека личниот допир во се што работиме може да направи разлика.
|