|
ЦЕЛ НА ХУМАНОПОЛИС
Секој човек може да понуди одредени знаења и вештини кои треба да се оценат, надградат, надополнат и да се активираат во соодветна работна околина за да биде најпродуктивен и да даде најмногу резултати.
Во средиштето на интересите на ХУМАНОПОЛИС е човекот како целина – како тој се реализира во физичка, професионална и духовна смисла во својата работна околина.
Од друга страна, предмет на наш интерес e правилното разбирање на организациските и кадровските потреби на организацијата/компанијата, фокусирани на разбирањето на бизнисот, пазарот, како и потребата за услуги од областа на раководење со човекови ресурси. Со тоа ќе можеме да ги дефинираме вистинските кадровски потреби
и да предложиме вистински решенија.
Цврсто веруваме дека ваквото размислување е основа за еден целосен, систематски и ефикасен пристап кој ги задоволува потребите на клиентите од двете страни.
|

ПОСТОЈАТ ДВА НАЧИНА КАКО ЧОВЕК ДА СЕ ИЗДИГНЕ - СО СВОЈАТА СОПСТВЕНА ВЕШТИНА, ИЛИ СО НЕЗНАЕЊЕТО НА ДРУГИТЕ
|
|
ПОЛЕСНО Е ДА СЕ НАПРАВИШ СТРУЧЕН ЗА СЛУЖБА КОЈА ЈА НЕМАШ, ОТКОЛКУ ЗА ОНАА КОЈА ЈА ВРШИШ |
|